Министерката за здравство посочи дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата
Наместо БСЖ-вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт“ во Белград добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ на вонредна прес-конференција, пренесуваат српските медиуми. Децата не се загрозени, нагласи министерката, а вакцината ќе ја примат во наредниот период.
Оваа вакцина на децата се дава на возраст до 12 месеци.
Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт“ ѝ понудил оставка, но таа не била прифатена.
Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.
Фото: Илустрација/EPA-EFE/Fernando Bizerra