Украинското Министерство за енергетика соопшти дека поради рускиот напад врз Киев исклучена е струјата на надземниот далновод и дека 77 станбени згради и 120 институции останале без напојување со електрична енергија
Русија во текот на ноќта го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев, соопшти утрово украинското воздухопловство.
Во соопштението се наведува дека биле лансирани рекорден број беспилотни летала „шахед“ од иранско производство.
„Досега има двајца повредени во областа Соломјанск. Двајцата добија медицинска помош на самото место“,
напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм.
Во истиот кварт биле регистрирани неколку пожари, вклучително и еден во градинка.
Остатоци од беспилотни летала соборени од украинската противвоздушна одбрана паднале и во областа Печерск.
Украинското Министерство за енергетика соопшти дека поради рускиот напад врз Киев исклучена е струјата на надземниот далновод и дека 77 станбени згради и 120 институции останале без напојување со електрична енергија.