Само дваесет минути откако ја објави анкетата, а се виде дека „да“ за неговото заминување е далеку попопуларно, Маск на Твитер напиша „пази што посакуваш, може да се оствари“
Илон Маск изјави дека ќе се повлече од функцијата шеф на Твитер „штом најде некој доволно глупав за таа работа“. Тој додаде дека после тоа ќе се грижи само за софтверот и серверските тимови.
Одговорот на Маск доаѓа по анкетата во која тој ги прашал корисниците на таа социјална мрежа дали сакаат тој да се повлече. Корисниците одлучија, 57,5 отсто од нив гласаа за заминување на Маск, а тој најави дека ќе постапи според резултатите од анкетата. Во истражувањето учествувале 17 502 391 корисници.
Само дваесет минути откако ја објави анкетата, а се виде дека „да“ за неговото заминување е далеку попопуларно, Маск на Твитер напиша „пази што посакуваш, може да се оствари“.
Како одговор на еден коментар, Маске одговори: „Прашањето не е да се најде извршен директор, туку извршен директор кој може да го одржи Твитер жив“.
„Никој не сака бизнис кој всушност може да го одржи Твитер жив. Нема наследник“.
Should I step down as head of Twitter? I will abide by the results of this poll.
— Elon Musk (@elonmusk) December 18, 2022
Една недела откако ги купи акциите на Твитер, Маск даде понуда да го купи Твитер и ја купи мрежата за 44 милијарди долари во април.
Уште кога стана нов сопственик почнаа да се поставуваат прашања какви промени ќе донесе кај корисниците, но и кај вработените.
„Твитер потврдува дека постигнал дефинитивен договор за купување и продажба. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитет во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата е проценета на приближно 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија“,
објавија тогаш.од Твитер.
Така Маск стана сопственик на платформата, која ја смета за „јавно дигитално место каде што ќе се разговара за витално важни содржини за човештвото“, се вели во соопштението.