Од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 6 часот и патниот сообраќај
Машиновозачите денеска го добија вториот дел од февруарската плата и патните трошоци за март, и од попладнево го прекинуваат бојкотот.
Во изјава за МИА, претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски, потврди дека се исполнети нивните барања. Од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 6 часот и патниот сообраќај.
Бојкотот на машинскиот и на помошниот персонал во „Железници транспорт“ траеше 12 дена – период во кој во прекин беа и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.