Оцени дека усвојувањето на измените претставува прв важен чекор кон поддршка на слободни и фер избори
Кос додаде дека Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со српските власти во врска со усвојувањето на уште два клучни закона кои се однесуваат на борбата против корупцијата и финансирањето на политичките активности
Еврокомесарката за проширување Марта Кос во објава на Икс го поздрави усвојувањето на измените на изборните закони во Србија, што беа предложени од пратеникот на Српската напредна партија, Мирослав Петрашиновиќ.

„Го поздравувам усвојувањето на четири изборни закони од страна на Србија, во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР)“,
напиша Кос на социјалната мрежа Икс.
Оцени дека усвојувањето на измените претставува прв важен чекор кон поддршка на слободни и фер избори.
Кос додаде дека Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со српските власти во врска со усвојувањето на уште два клучни закона кои се однесуваат на борбата против корупцијата и финансирањето на политичките активности.
I welcome the adoption of four electoral laws by Serbia following Office for Democratic Institutions and Human Rights (ODIHR) recommendations.
— Marta Kos (@MartaKosEU) May 21, 2026
This is a first important step to support free and fair elections.
We continue to work closely with Serbian authorities in view of the…
Инаку, пратениците во Народното собрание на Србија вчера усвоија измени на Законот за избор на народни пратеници, Законот за локални избори, Законот за избор на претседател на Републиката и Законот за Уставниот суд.
За време на гласањето, повеќето пратеници на опозицијата не присуствуваа во салата, а претходно за време на расправата оценија дека станува збор за „козметички промени“ на законите, а не за суштински.
