Колев има 37 години и по професија е дипломиран професор по географија. Беше директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион
Марко Колев е кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, кој синоќа одлучи да му ја довери довербата да ја трча изборната трка на локалните избори наесен. Оваа вест за порталот кој пренесува вести од Велес и од Повардарието Батали.нет ја потврдил и Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Изборот на Колев доаѓа откако на внатрепартиските анкети тој имал највисок рејтинг. Се очекува одлуката на Извршниот комитет деновиве да ја потврди и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Марко Колев има 37 години и по професија е дипломиран професор по географија. Долгогодишен член е на ВМРО ДПМНЕ, а беше директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Владејачката СДСМ се уште не донела одлука кој ќе му биде противкандидат на Колев, со оглед на тоа што актуелниот градоначалник Аце Коцевски, кој три мандата беше прв човек на Велес, најави дека нема да се кандидира повторно.
Локаните избори, најверојатно, ќе се одржат на 17 октомври.