Во дебата на „360 Степени“, директорката на ИРИ во Македонија, Илина Мангова го коментираше порастот на на перцепцијата дека Македонија може брзо да стане членка на Европската Унија во следните 5 години.
– Тоа очекување пред се е видливо од минатата година, после формирањето на новата Влада, бидејќи имавме еден долг период од неколку години во криза и сите очекувања и сите позитивни параметри беа паднати и беа ниски. Гледаме дека тоа очекување пред се е качено по стабилизацијата на земјата, штом се формирала Влада и веќе на луѓето им олесни, па можат веќе да гледаат позитивно кон надвор, па 30 до 33 % од луѓето сметаат дека за 5 години ќе влеземе во ЕУ. Видете, сето тоа е реакција е на интензивираните односи со Европската Унија, посети на Брисел, доаѓање на европските претставници во Македонија. Граѓаните не можат премногу да анализираат колку време трае овој процес на интеграција, зачленување и слично. Тоа е работа на тие коишто се избрани и тоа им е задача. Граѓаните очекуваат резултати од тоа. Битно е како тоа ќе се комуницира, но мора да ги видат резултатите од сево ова – рече Мангова.