Институции со по еден вработен, кого го управуваат 11 лица – директор и по пет членови на управен и на надзорен одбор. Вакви примери во кои бројот на вработени е помал од бројот на лица во органите на управување има речиси 150, откри истражувањето на Центарот за управување со промени. Дали Македонија има поголем проблем со системот на институции отколку со бројот на вработени во администрација.
Министерот за администрација Дамјан Манчевски во интервју за „360 Степени“ вели дека системот на поставеност на институциите во Македонија е основата на сите проблеми во администрацијата.
– Системот на плати ни е толку хаотичен, нема никаква логика во тоа кој колкава плата зема. Нашиот принцип е секој да добива иста плата за иста работа. Министерството за финансии прави одредени анализи и ќе излезе со предлог за да се направи некакво порамнување – вели Манчевски.
Тој се согласува дека има проблем со преголем број на членови на управни и надзорни одбори на институциите.
– Ова е наталожен проблем, со децении можеби, ама ова е првпат кога викаме „стој“, ставаме линија, гледаме каде сме и врз основа на тоа ќе воведеме ред во институциите – рече Манчевски.
Тој рече дека се работи за обемен процес кој мора да заврши во собраниска процедура со двотретинско мнозинство.
Напишете коментар