Претходно, министерот помина уште една самоизолација поради контакт со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој беше позитивен на вирусот
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски излегува од самоизолција, откако тестот за ковид-19 покажал дека е негативен, информираше самиот на својот профил на Фејсбук.
„Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. 😉 Од утре назад во акција. 🙂 Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места“,
напиша Манчевски на својот профил на Фејсбук.
Манчевски беше во самозолација откако неговиот заменик-министер и неговиот шофер се утврдило дека се позитивни на ковид-19.
Претходно, министерот помина уште една самоизолација поради контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој беше позитивен на вирусот.