Малта имунизираше 70% од возрасните граѓани со единечна доза вакцина против коронавирус и е првата земја на Европската унија што постигна таканаречен имунитет на стадо, изјави министерот за здравство на Малта, Крис Ферн.
Минатата недела, Малта регистрираше просечно по три нови случаи на инфекција дневно, а процентот на позитивни тестови е само 0,2 проценти. Денеска се пријавени два нови случаи.
„Една вакцина се дава на секои пет секунди, а 42 проценти од возрасните граѓани ги примиле двете дози до денес“,
рече Ферн на прес-конференција.
Во моментов се вакцинираат сите над 16-годишна возраст, а Ферн рече дека сите кои се над 12-годишна возраст ќе добијат термин кога вакцинацијата на оваа возрасна популација ќе биде одобрена од европските здравствени власти. Тој посочи дека задолжителното носење маски на отворено ќе се укине на 1 јули за вакцинираните.
Здравствените власти претходно објавија дека носењето маски нема да биде задолжително на плажите од 1 јуни.