Полицијата ги идентификувала преку видео-снимка објавена на „тик-ток“
Тројца малолетници завршиле во полициска станица во Ресен поради видео на социјалната мрежа „тик-ток“, на кое се сквернават гробови.
Од МВР соопштија вечерва дека полициски службеници од ОВР Ресен, денеска во периодот од 16 до 18.30 часот, идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници, двајца на 16-годишна возраст и еден на 14 години, а во врска со објавен видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ за сквернавење гробови во овој град.
„Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител, ќе бидат поденесени соодветни поднесоци“,
информираа од МВР.