Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека верува оти постои можност за мир во Украина дури и откако Русија предупреди дека конфликтот може да ескалира.
Постои можност за мир, тој ќе се појави во одреден момент, рече Макрон на конференцијата во Рим, чија цел е да се бараат начини за промовирање мир во светот. И во одреден момент, со оглед на тоа како се развиваат работите, и кога украинскиот народ и нивните лидери ќе одлучат за условите, може да се постигне мировен договор со другата страна, додаде Макрон.
Франција постојано ја нагласува важноста западните дипломатски канали да бидат отворени за Москва откако руските сили ја започнаа инвазијата на Украина на 24 февруари.
Во текот на денот, прво рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изрази загриженост од можноста Украина да употреби валкана бомба, а подоцна украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека само Русија може да употреби нуклеарно оружје во Европа.