Цената на природниот гас овој месец ќе се намали за 500 евра за 1 000 нормални кубни метри, во однос на цената за октомври ова година, информира „Макпетрол“, согласно постигнатиот договор со „Газпром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи.
Дополнително, оттаму информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила – метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“, се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм.
Новата цена на метанот ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар.