По поразот од Франција, македонските ракометари се поразени и од домаќинот Германија, со што практично ги загубија шансите за пласман во понатамошната фаза на турнирот
Македонската ракометна репрезентација го претпе вториот пораз во рамки на второто коло на Европското првенство (ЕП) откако вечерва загуби од Германија со резултат 34-25.

По поразот од Франција, македонските ракометари се поразени и од домаќинот Германија, со што практично ги загубија шансите за пласман во понатамошната фаза на турнирот.
Во првото полувреме селекцијата на Германија дојде до предност од 18-13, а второто полувреме Германците го отворија со три гола во низа и водство од 21-13.
Најефикасен во македонските редови беше Ненад Костески со шест гола, а Жарко Пешевски и Томислав Јагуриновски имаа по четири постигнати гола.
Последниот меч на ова EП избраниците на Кирил Лазаров ќе го имаат на 16 јануари од 18:00 часот против Швајцарија која претходно денеска одигра нерешено 26-26 против Франција.