Нашите ракометари вечерва во реванш-натпреварот од баражот го совладаа тимот на Словачка со 38:23
Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија откако вечерва во реванш-натпреварот од баражот ја совлада Словачка со 38:23.
Натпреварот се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со 11 постигнати гола.
Пред седум дена нашите ракометари забележаа убедлива победа на гостински терен совладувајќи ја селекцијата на Словенија со 31:24.
Македонската ракометна репрезентација ја продолжи традицијата на редовни настапи на мундијалите и по 10. пат ќе учествува на најголемата ракометна сцена.
Преку баражот, пласман на Светското првенство 2027 во Германија обезбедија и Норвешка, Фарски Острови, Шпанија, Грција, Полска, Франција, Словенија, Србија и Италија.
