Српската полиција денеска соопшти дека упасила тројца кои пресретнувале странски возила на автопатот Ниш-Белград и ги лажеле сопствениците дека им требаат поправки кои ги наплаќале неразумно скапо
Српската полиција уапси тројца жители на Велика Плана, Р.Р. (50), А.Ш. (34) и С.. (28) кои измамиле странски државјани со тоа што ги лажеле дека нивните возила се расипани и ги носеле на автомеханичар каде за наводната поправка скапо им наплаќале.
Досега се пријавени два вакви случаи, едниот е Србин кој живеел во Германија, а другата е македонска државјанка.
Троцата на автопатот Ниш-Белград, во близина на Велика Плана, ги пресретнале двајца странски државјани и ги убедиле дека колите им се расипани. Ги однеле возилата во гаражата и за наводните поправки им наплатиле неразумно скапо – на Србинот 2 600 евра, а на македонскатадравјанка 1 400 евра.