Бертелсман индексот ги анализира процесите во светот во однос на демократијата и развојот на пазарната економија
По 11 години десничарско конзервативно владеење и политичка криза, новата Влада е решена да ги реизгради институциите и да ја возобнови демократијата, стои во извештајот
Значителен напредок бележи Северна Македонија во 2020, во споредба со периодот пред четири години, односно пред смената на власта во земјава, во извештајот на Бертелсман индексот за трансформација – БТИ, во повеќето од критериумите.
Земјата бележи скок од 14 места на листата, а најголем напредок, од 19 места, има во индексот на владеење.

Од земјите во регионпт, најдобро рангирана е Црна Гора – на 27 место, додека Северна Македонија е на 30 место. Следи Албанија – на 33, Србија – на 36, Косово – на 49 и Босна и Херцеговина – на 68 место.
„По 11 години десничарско конзервативно владеење и политичка криза, во врска со трансферот на власта, новата Влада е решена да ги реизгради институциите и да ја возобнови демократијата“,
се наведува во извештајот.
Во годинешниот извештај, исто така, се наведуав дека со резолуцијата за тридеценискиот спор со Грција за уставното име, земјата ги отстрани главните пречки за интеграција во НАТО и во ЕУ.

„Сетот судски реформи има за цел намалување на политичката контрола и враќање на независноста на судството. Иако е постигнат одреден во подготовката на економијата за конкуренција на заедничкиот пазар на ЕУ, Северна Македонија сè уште страда од слабости во образованието и иновациите, како и од празнините во инвестициите. Покрај тоа, таа останува преоптоварена со несоодветна јавна администрација. Владата ја зголеми транспарентноста и одговорноста и почна да вклучува повеќе засегнати страни во креирањето на политиките, но потребно е да се работи повеќе за да се зголеми професионалноста, ефикасноста и еднаквоста во јавната администрација“,
се наведува во извештајот.
Регионално, Северна Македонија е збирно подобро оценета од Унгарија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина и бележи значителен напредок во однос на 2018 година.
Што се однесува до индексот на владеење, Северна Македонија е подобро оценета од Бугарија, Полска, Хрватска, Албанија, Србија, Косово, Романија, Унгарија и Босна и Херцеговина.
БДИ прави оценка на земјите во однос на нивната политичка и економска трансформација и владеењето, а во секои од овие области има повеќе индикатори.
Бертелсман индексот ги анализира процесите на трансформација на во светот во однос на демократијата и развојот на пазарната економија.