Дополнително, од претпријатието информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони и апелираат до возачите на прилагодување на брзината согласно условите на патот
И во последното ажурирање на информациите за состојбата на патиштата во земјава, Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателност до возачите поради појава на магла и намалена видливост на неколку патни правци во државата.
Според соопштението на „Македонија пат“ од 18 часот попладнево, намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје. Намалена видливост од 50 до 60 метри има на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100 метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
Дополнително, од претпријатието информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а дежурните екипи на ЈП ‘Македонија пат’ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“,
додаваат од претпријатието.