На натпреварот против Лихтенштајн, македонските репрезентативци настапија со црни дресови на кои беше испишано „Кочани 16.3.2025“ во чест на настраданите во пожарот
Во 59. минута од мечот, симболично за 59 жртви во трагедијата, од трибините се слушаше „Кочани, Кочани“
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада репрезентацијата на Лихтенштајн со убедлив резултат од 3:0 во првиот меч од квалификациите за Светското првенство 2026.

Првиот гол за македонскиот тим го даде Александар Трајковски во 8. минута од мечот, по што следеше голот на Висар Муслиу во 43. минута од првото полувреме. Репрезентацијата на Македонија влезе со водство од 2:0 во вториот дел од мечот, по што Бојан Миовски ја зголеми разликата на конечни 3:0 во 82. минута од натпреварот.
Мечот се одигра на стадионот „Рејнпарк“ во главниот град на Лихтенштајн, Вадуц.
На денешниот натпревар против Лихтенштајн, македонските репрезентативци настапија со црни дресови на кои беше испишано „Кочани 16.3.2025“ во чест на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во 59. минута од мечот, симболично за 59 жртви во трагедијата, од трибините се слушаше „Кочани, Кочани“.