Јужниот пол на Месечината, кој е предмет на истражување, е интересен поради водениот мраз, за кој се верува дека може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за понатамошни мисии, но поради нерамниот терен, слетувањето на него е голем предизвик
Лунарниот ровер денеска наутро излезе од индиското вселенско летало „Чандрајан 3“ за да започне со истражување на површината на Месечината, објави националната вселенска агенција на земјата на Твитер.
Индиското летеало вчера попладне слета во близина на јужниот пол на земјиниот природен сателит со што азиската земја со златни букви се впиша во историјата на веселенските истражувања. Индија стана првата земја која извршила меко слетување на јужниот пол на Месечината, откако само неколку дена претходно тоа не и појде од рака на Русија, кој во саботата го загуби контактот со леталото „Луна 25“, а во неделата на 20 август вселенската агенција „Роскосмос“ потврди дека модулот се урнал.
„Роверот Ch-3 излезе од лендерот и Индија одеше по Месечината!,
соопшти индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) на социјалната мрежа.
Chandrayaan-3 Mission:
— ISRO (@isro) August 24, 2023
Chandrayaan-3 ROVER:
Made in India 🇮🇳
Made for the MOON🌖!
The Ch-3 Rover ramped down from the Lander and
India took a walk on the moon !
More updates soon.#Chandrayaan_3#Ch3
Вчерашниот подвиг беше втор обид на Индија да слета на Месечината, откако модулот за слетување од претходната мисија „Чандрајан 2“ се урна во 2019 година.
На новата мисија, азиската земја потроши речиси 6,15 милијхарди рупии, односно околу 68 милиони евра, пренесува ХРТ.
Инаку, Чандрајан, името на мисијата и на леталото, на хинди и на санскрит значи „месечево возило“
Јужниот пол на Месечината, кој е предмет на истражување, е интересен поради водениот мраз, за кој се верува дека може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за понатамошни мисии, но поради нерамниот терен, слетувањето на него е голем предизвик.
Слетувањето на „Чандрајан 3“ вчера беше следено од луѓето ширум земјата, а пренесот во живо на „Јутјуб“ го следеле седум милиони луѓе.
Во индиските храмови се одржуваат молитви, а училиштата во земјата ги организираа учениците да го следат преносот од слетувањето.
Се очекува „Чандрајан 3“ да биде во функција две недели во текот на кои ќе спроведе експерименти и истражувања кои вклучуваат спектрометриски анализи на минералниот состав на површината на Месечината.