Во своето обраќање пред народните избраници, Брнабиќ рече дека распишувањето на изборите за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на успешниот дијалог и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори
Локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни, одлучи претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ.
Во своето обраќање пред народните избраници, Брнабиќ рече дека распишувањето на изборите за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на успешниот дијалог и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.
„Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе“,
рече Брнабиќ.
Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за 2 јуни распиша избори во 17 белградски општини.
Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.
„Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград“,
рече Шапиќ.