Во пожарот, кој избувна вчера околу 16 часот, зафатени се нискостеблеста деградирана шума и дел борова шума
Шумскиот пожар што вчера попладне избувна меѓу селата Барово и Бесвица во Општина Демир Капија и селото Вишје во Општина Неготино денеска попладне е локализиран.

На терен, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК), интервенираат осум пожарникари со три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Неготино и четворица вработени во Подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“.
Во пожарот, кој избувна вчера околу 16 часот, зафатени се нискостеблеста деградирана шума и дел борова шума.