Пратениците што одбиваат да се вакцинираат тврдат дека со законот за ковид-сертификат се кршат нивните уставни права
Парламентот во Литванија изгласа закон со кој пратениците ќе мораат да приложат ковид-сертификат при влез во парламентот.
Со законот е предвидено пристап до парламентот да имаат само пратениците што се целосно имунизирани против ковид-19, оние што неодамна го прележале вирусот или оние кои ќе прикажат негативен ковид тест не постар од 72 часа.
„Ако бараме сертификат за различни места каде што се собираат луѓето, би било етички слични мерки да важат и за во парламентот“,
изјави литванската премиерка Ингрида Симоните.
Доколку поради која било од овие причини пратениците не присуствуваат во собранието, платата ќе им биде намалена.
Пратениците што одбиваат да се вакцинираат тврдат дека со законот за ковид-сертификат се кршат нивните уставни права.
„За“ законот гласаа 89 пратеници, 17 беа „против“, а 19 беа воздржани.
Во Литванија ковид-сертификат е потребен за влез во трговските центри, во рестораните и во салоните за убавина.