Во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа, владиниот портпарол Мухамед Хоџа кажа дека економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни, a дека по завршување на потребните анализи на пазарот листата ќе биде проширена
Владата вчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината
Листата на производи со ограничена маржа ќе биде проширена, изјави денеска владиниот портпаролот Мухамед Хоџа откако Владата најави продолжување на мерката за ограничени маржи на основните прехранбени продукти до 31 декември годинава.
Во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа, Хоџа кажа дека економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни, а дека по завршување на потребните анализи на пазарот листата ќе биде проширена.
Владата вчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа се продолжува важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов.
Одлуката, како што потсети владиниот портпарол Хоџа, се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци.
Според одлуката, висината на трговска маржа на белиот леб – сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледовото масло за јадење се утврдува во висина до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало.
На 10 проценти, пак, во трговија на мало и трговија на големо се ограничува трговската маржа на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца.