Српските власти интензивно трагаа по Фатон Хајризи, кој е осомничен дека ноќта на 18 јули во Липнички Шор го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ
Ликвидиран е убиецот на српскиот полицаец Никола Крсмановиќ, соопшти попладнево српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
„Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“,
изјави Дачиќ.
Српските власти интензивно трагаа по Фатон Хајризи, кој е осомничен дека ноќта на 18 јули во Липнички Шор го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.
Како што пишуваат српските медиуми, во акцијата на специјалните сили, Хајризи испукал неколку куршуми кон нив од напуштената фабрика „Вискоза“ каде што се криеле мигранти, а Фатон Хајризи бил меѓу нив.
Полицијата првично се сомневаше на неговиот брат, меѓутоа, како што објавија српските медиуми, тој изјавил дека му биле украдени документите од Фатон.
Фатон Хајризи пред речиси една недела побегнал од затвор на Косово. Издржувал казна затвор за убиство на војник на КФОР.