Европските лидери повторно го повикаа Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници без никакви предуслови

Во декларацијата усвоена на самитот во Брисел, лидерите на Европската Унија повикаа на „паузи“ во непријателствата меѓу Израел и Хамас и на отворање хуманитарни коридори за да може итно потребната помош да биде доставена до Појасот Газа, пренесува РТС.
На самитот на Европскиот совет во Брисел, лидерите изразија „најсериозна загриженост“ поради влошувањето на хуманитарната ситуација во појасот Газа.
Повикаа на „континуиран, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап“ за помошта да стигне до оние на кои им е потребна „преку сите неопходни мерки, вклучително и хуманитарни коридори и хуманитарни паузи“.
Тие ја повторија својата осуда на нападот на Хамас „на најсилен можен начин“ и го истакнаа правото на Израел да се брани „во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право“, пренесува Ројтерс.
Тие, исто така, повторно го повикаа Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници „без никакви предуслови“.
стои во декларацијата.
„Европската Унија тесно ќе соработува со партнерите во регионот за да ги заштити цивилите, да обезбеди помош и да го олесни пристапот до храна, вода, медицинска нега, гориво и засолниште, како и да обезбеди таквата помош да не биде злоупотребена од терористичките организации“,
Овој самит е прва средба на лидерите на ЕУ откако на 7 октомври палестинското милитантно движење Хамас изврши напад на израелска територија, по што Израел одговори со ракети и блокада на појасот Газа.