Во игра се три имиња – Урсула фон дер Лајен, која се надева на реизбор за шеф на Европската комисија, поранешниот португалски премиер Антонио Коста, кој претендира за претседател на Европскиот совет и естонската премиерка Каја Калас, која треба да биде нов шеф на европската дипломатија
Лидерите на државите или на владите на Европската Унија вчера во Брисел разговарале за тоа кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија, кој ќе го води Европскиот совет и кој ќе биде новиот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика. Тие не успеале да се договорат за именување на нови шефови на европските институции, иако официјален договор за распределба на функциите се очекува да се случи на формалниот самит на Европскиот совет на 27 и 28 јуни.
Ваквата информација ја потврди и претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел, посочувајќи дека оваа средба била добра можност за размена на мислења, со оглед, како што рече, резултатите од изборите за Европскиот парламент и подготовката за формалниот состанок на Европскиот совет, кој треба да се одржи следната недела.
„Разговорите одат во вистинска насока, но во оваа фаза сега не е постигнат договор“,
рече Мишел.
Политичките партии, како што додаде тој, ги дале своите предлози, а посочи и дека лидерите на ЕУ до крајот на месецот ќе треба да донесат две одлуки, од кои една е поврзана со институционалниот циклус, со оглед на резултатите од изборите, а другата улога е поврзаната со стратешката агенда на ЕУ.
„Наша должност е до крајот на јуни да ги договориме кандидатите за врвни позиции во ЕУ и стратешката агенда“,
рече Мишел на крајот од работната вечера на европските лидери.
Инаку, шефовите на државите и владите требаше начелно да се договорат за имињата за кои веќе имаше неформален договор.
Сепак, сè се промени кога лидерите на тие земји или влади кои доаѓаат од европскиот народен блок побараа удел во функцијата претседател на Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет го избираат лидерите на ЕУ за период од две и пол години, а мандатот може да се обнови само еднаш.
Но, откако постои институцијата претседател на Европскиот совет, секој од избраните поминале низ два целосни мандати од вкупно пет години на чело на институцијата.
Доколку се исполнат барањата за преполовување на мандатот на претседателот на Европскиот совет, тоа би било на штета на социјалдемократите, втората по големина партија во ЕУ, кои потоа би останале без ниту една клучна функција во институциите по две и пол години.
Во игра се три имиња, како Урсула фон дер Лајен, која се надева на реизбор за шеф на Европската комисија, поранешниот португалски премиер Антонио Коста, кој претендира за претседател на Европскиот совет и естонската премиерка Каја Калас која треба да биде нов шеф на европската дипломатија.