Фон дер Лајен во писмена изјава порача дека срдечно му честита на Трамп за неговиот избор за 47. претседател на САД и дека со нетрпение очекува повторно да работи со него за унапредување на силната трансатлантска агенда
Претседателот на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му ја честитаа победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Честитки до новоизбраниот претседател Доналд Трамп. ЕУ и САД имаат траен сојуз и историска поврзаност. Како сојузници и пријатели, ЕУ со нетрпение очекува да ја продолжи нашата конструктивна соработка“,
наведе Мишел во честитката објавена на Икс.
Congratulations to President-elect @realDonaldTrump.
— Charles Michel (@CharlesMichel) November 6, 2024
🇪🇺 & 🇺🇸 have an enduring alliance and a historic bond. As allies and friends, the EU looks forward to continuing our constructive cooperation.
The EU will pursue its course in line with the strategic agenda as a strong,…
Во објавата тој додава дека ЕУ ќе го продолжи својот курс во согласност со стратешката агенда како силен, обединет, конкурентен и суверен партнер во одбрана на мултилатералниот систем заснован на правила.
Фон дер Лајен, пак, во писмена изјава порача дека срдечно му честита на Трамп за неговиот избор за 47. претседател на САД и дека со нетрпение очекува повторно да работи со него за унапредување на силната трансатлантска агенда.
„Европската Унија и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со вистинско партнерство меѓу нашите луѓе обединувајќи 800 милиони граѓани“,
наведе Фон дер Лајен.
Според неа, оваа врска меѓу ЕУ и САД е длабоко вкоренета во нивната заедничка историја, посветеноста на слободата и демократијата и заедничките цели за безбедност и за можности за сите.
„Дозволете ни да работиме заедно на трансатлантското партнерство кое продолжува да испорачува за нашите граѓани. Милиони работни места и милијарди во трговијата и инвестициите на секоја страна од Атлантикот зависат од динамиката и стабилноста на нашите економски односи“,
потенцира претседателката на ЕК.
Поврзани вести:
- Мицкоски со честитка до Трамп: Очекувам продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка
- Зеленски до Трамп: Честитки за импресивната изборна победа, сметаме на континуирана силна поддршка
- Нетанјаху до Трамп: Ова е огромна победа и најголемо враќање во историјата
- Макрон: Честитки, претседателе Доналд Трамп, подготвен сум за заедничка работа
- Филипче до Трамп: Верувам дека врските на пријателство и соработка ќе се развијат уште повеќе кон наш заемен напредок и благосостојба
- Шефот на НАТО: Честитки за Трамп, неговото лидерство ќе биде клучно за да останеме силни
- Уверен сум дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш, вели Ахмети во честитката до Трамп