Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен е името за кое лидерите на ЕУ се договорија да биде предложена за наследничка на Жан Клод Јункер на позицијата Претседател на Европската комисија. Белгискиот премиер Шарл Мишел е кандидат да го замени Доналд Туск, на позицијата Претседател на Европскиот Совет.
Решенијата доаѓаат по невообичаено долгите преговори за клучните позиции во ЕУ. Последниот предлог, кој сепак мора да помине и пред Европскиот парламент, доаѓа по тридневниот самит на лидерите на ЕУ, кои поради различни прични не успеваа да се договарат за првично предложените кандидати. Рокадата на лидерските позиции доаѓа по последните европски избори кои се одржаа на крајот на месец мај.
Освен за шефови на Комисијата и на Советот, лидерите на ЕУ постигнаа согласност и за номинација на Кристин Лагард за шеф на Европската централна банка. Досега, таа го водеше Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ). Договорен е кандидат кој ќе наследи Федерика Могерини. Предлогот за шеф на дипломатијата на ЕУ е шпанскиот дипломат Жозе Борел.