„Секоја натамошна воена агресија врз Украина ќе има огромни последици и сериозни трошоци како одговор, вклучително и рестриктивни мерки координирани со партнерите“, истакнуваат лидерите на ЕУ
Лидерите на 27-те земји членки на Европската Унија едногласно се договорија да ги продолжат економските санкции против Русија за дополнителни шест месеци, доколку руската армија ја нападне Украина. Притоа, ја повикаа Русија да се придржува до својот дел од договорот и да продолжи со спроведувањето на договорите од Минск.
„Секоја натамошна воена агресија врз Украина ќе има огромни последици и сериозни трошоци како одговор, вклучително и рестриктивни мерки координирани со партнерите“,
истакнуваат лидерите на ЕУ во завршното соопштение објавено по вчерашниот самит во Брисел.
Во 2014 година, ЕУ воведе санкции кон Русија поради настаните во Украина и припојувањето на Крим кон Руската Федерација.
Кремљ ги негира обвинувањата на Западот, вклучително и каков било план за инвазија на Украина.