Откако ќе стивне епидемијата на коронавирусот и ќе се олабават мерките за превенција ќе започне серолошко тестирање на населението, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од Комисијата за заразни болести.
„Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме веднаш по попуштање на мерките или некаде на лето, со цел да го процениме имунитетот на возрасните над 65 години, понатака на децата во школска возраст или на работоспособното население“,
изјави Филипче.
Министерот за здравство вели дека скринингот ќе биде показател за креирање на мерките, тогаш, кога евенетуално би можеле да се соочиме со повторен пик на болеста.
„Ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината“,
изјави Филипче.