Здравствените работници кои се позитивни на ковид-19 од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста. Во моментов, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.
„Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот“,
информираше миннистерот за здравство, Венко Филипче.
На Клиниката, ковид-позитивни се осум медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се девет доктори од 24 вработени во установата и тројца болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.
Работата во оваа јавно здравствена установа се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од страна на вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се во изолација.