Украинскиот министер за одбрана Андриј Сибиха денеска на социјалната мрежа Икс објави дека дроновите се украински и дека влегле во Латвија како резултат на руското електронско војување, кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија

Латвискиот министер за одбрана Андрис Спрудс поднесе оставка откако во четвртокот два украински дрона долетаа од Русија и погодија складишта за нафта.
Претходно во неделата, латвиската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека антидронските системи не биле доволно брзо распоредени.
За нов министер за одбрана таа го именуваше полковникот на латвиската војска, Раивис Мелнис.
Латвија и Литванија во четвртокот го повикаа НАТО да ја засили противвоздушната одбрана во нивниот регион, откако се случи инцидентот со двата дрона.
Украинскиот министер за одбрана Андриј Сибиха денеска на социјалната мрежа Икс објави дека дроновите се украински и дека влегле во Латвија како резултат на руското електронско војување, кое намерно ги пренасочило украинските дронови од нивните цели во Русија.
Сабиха вели дека, како одговор на инцидентите со дроновите, Украина размислува за испраќање експерти за да помогнат во зајакнувањето на воздушната безбедност над балтичките држави.
