Тој посочи дека во понеделникот било докажано оти Косово се соочува со „екстремно десничарски групи со маски, кои вандализираат, напаѓаат, палат сè што не го сметаат за српско и кои креваат националистички и шовинистички симболи, како четирикратниот крст С и З на руската агресија во Украина“
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека косовската полиција и КФОР во северно Косово се границата меѓу насилните екстремисти и мирните институции.
Тој во своето обраќање пред граѓаните посочи дека косовските институции во последните неколку часа ја интензивирале комуникацијата со меѓународните партнери за да се смири ситуацијата.
Тој повтори дека избраните општински претседатели на изборите на 23 април, и покрај слабиот одѕив на гласачите поради бојкотот диктиран и наметнат на косовските Срби, сепак се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во служба на граѓаните.
„Затоа ја имаат нашата целосна, безусловна и непоколеблива поддршка“,
рече Курти, пренесува Анадолија.
Тој посочи дека во понеделникот било докажано оти Косово се соочува со „екстремно десничарски групи со маски, кои вандализираат, напаѓаат, палат сè што не го сметаат за српско и кои креваат националистички и шовинистички симболи, како четирикратниот крст С и З на руската агресија во Украина“.
Курти рече дека српската заедница во Косово мора да се ослободи од нив.
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер претходно изјави дека учеството на Косово на воената вежба на НАТО „Бранител Европа 2023“ е откажано и дека тоа е прва последица за Владата на Косово, поради одбивањето на Курти да преземе чекори за намалување на тензиите во северот на Косово.
На средбата со новинарите во Приштина, Ховениер истакна дека Владата на Косово не ги координирала со САД активностите преземени во петокот, кога новоизбраните градоначалници на три општини на северот на Косово влегоа во општинските згради.
Како што рече тој, САД бараат од Владата на Косово да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и да ги повлече полицајците од три општински згради на северот на Косово.
Како одговор на Американците, Курти рече дека „демократијата не може да биде суспендирана или заложничка“.
Во видео-обраќање на Фејсбук, тој рече дека Косово ја зајакнало комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел.
Тој го повтори ставот дека новоизбраните градоначалници на општините на северот на Косово, и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот на Србите, „се уште се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во услуга на граѓаните“ и дека имаат целосна поддршка од косовските власти, пренесува Танјуг.