Косовскиот премиер, Албин Курти, им честита на Северна Македонија и на Албанија за денешното официјално започнување на преговорите со Европската Унија.
На својата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека Косово го прославува заедно со Скопје и Тирана нивното, како што вели, „историско достигнување“.
„Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската Унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа,
напиша Курти.
Честитки до Северна Македонија и до Албанија за почетокот на преговорите со ЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.