„Њујорк тајмс“ минатата недела цитираше некои западни претставници кои изјавија дека Украина бавно напредува бидејќи распоредила премногу војници на погрешни места
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги нападна критичарите на контраофанзивата, велејќи дека тие плукаат во лицата на украинските војници и дека треба да „молчат“.
„Кога го критикувате бавниот напредок на контраофанзивата, тоа е како да им плукате в лице на украинските војници кои ги ризикуваат своите животи секој ден додека ослободуваат километар по километар украинска почва“,
им рече Кулеба на новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Шпанија.
„Њујорк тајмс“ минатата недела цитираше некои западни претставници кои изјавија дека Украина бавно напредува бидејќи распоредила премногу војници на погрешни места.
„Би ги советувал критичарите да замолчат, да дојдат во Украина и самите да се обидат да ослободат еден квадратен сантиметар“,
изјави Кулеба, пренесува „Гардијан“.