Настанот се случил на 17 јули 2026 година, околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче. Осомничените со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна државјанка на Србија, која имала престојувалиште во Скопје

Поднесена е кривична пријава по брза постапка против двајца мажи од Скопје поради основано сомнение дека извршиле кривично дело полов напад и силување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе пријава против А.М. (41) и Ј.Р. (34).
Настанот се случил на 17 јули 2026 година, околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче. Осомничените со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна државјанка на Србија, која имала престојувалиште во Скопје.
Осомничените лица веќе се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка за времено одземање на патната исправа.
