Претходно вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе се сретне со својот руски колега пред крајот на февруари
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, би можеле да се сретнат во текот на месецов.
Сепак, рече дека е потребно време да се подготви средба очи в очи.
Говорејќи на прес-конференција, американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека веројатно ќе се сретне со својот руски колега пред крајот на февруари.
Осврнувајќи се на вчерашниот состанок на руски и американски претставници во Саудиска Арабија, портпаролот на Кремљ рече дека средбата била многу важен чекор за постигнување решение за конфликтот во Украина.
„Но, ова е првиот чекор… Нормално, невозможно е да се поправи сè за еден ден или една недела. Има долг пат што треба да се изоди“,
изјави Песков.