Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336 041, бројот на оздравени пациенти е 323 051, на починати е 9 426, а бројот на активни случаи изнесува 3 564
Во изминатите 24 часа направени се 1 593 тестови, а регистрирани се 590 нови случаи на ковид-19, од кои 142 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новозаразените се во: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 583 оздравени пациенти од: Скопје – 241, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (72г) и Охрид (82г), и двете починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2 137 986 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336 041, бројот на оздравени пациенти е 323 051, на починати е 9 426, а бројот на активни случаи изнесува 3 564.