Вкупно 11 градови и села во Либан ќе бидат затворени, бидејќи во послендите неколку дена нагло се зголеми бројот на нови случаи на ковид-19, а земјата се соочува со дефицит на болнички кревети.
Министерот за внатрешни работи во заминување, Мохамед Фахми, изјави дека целосното затворање на 111 градови и села ќе стапи во сила во недела наутро и ќе трае до 12 октомври.
Во тој период, сите државни и приватни институции во градовите и селата во северен, јужен, централен и источен Либан, како и во некои предградија на Бејрут, ќе бидат затворени.
Сите настани и собири ќе бидат откажани, а Министерството ќе контактира со локалните верски лидери со цел затворање и на верските објекти.
Според Фахми, полицискиот час на ниво на цела земја, кој трае од 01:00 часот навечер до изгрејсонце, ќе остане во сила.