Во изминатото деноноќие регистрирани се 222 случаи на ковид-19, оздравени се 268 пациенти, а има и осуммина починати
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 954 тестирања, а регистрирани се 222 случаи на ковид-19, од кои 41 се реинфекција. Оздравени се 268 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (79) и Кичево (83). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се шест починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 до 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11 до 28 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2 151 148 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340 341, бројот на оздравени пациенти е 329 192, на починати е 9 489, а бројот на активни случаи изнесува 1 660.