Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 14 нови заболени со ковид-19, оздравени се 20 пациенти и едно лице е починато, информира Министерството за здравство.
„Во ГОБ ‘8 Септември’ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април. Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација четворица пациенти“,
информира Министерството за здравство.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се двајца пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.
„Во болницата во Битола се лекува еден пациент, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно пет, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19“,
информираат од Министерството.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 5, Прилеп – 2, Тетово – 1 и Велес – 6.
Направените 242 теста се преку: ИЈЗ – 107, Ветеринарен факултет – 11, Авицена – 3, Биотек – 38, Филип Втори (Жан Митрев) – 42, Систина со PCR-метода – 22 и МАНУ – 19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19.
Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 531, активни 130
Куманово – 404, активни 61
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 2
Прилеп – 169, активни 62
Тетово – 96, активни 42
Струга – 67, активни 16
Велес – 101, активни 46
Битола – 22, активни 3
Охрид – 15, активни 9
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар – 17, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 1
Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 1
Пехчево – 2, активни 2
Делчево – 1, активни 1
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 1
Кратово – 1, активни 1