Бројот на новозаразени во Србија во последните 24 часа изнесува 260 од направени 4 543 тестирања, објави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар.
Со новите, вкупниот број на заразени изнесува 6 890.
Бројот на излекувани пациенти, пак, во моментов е 977, додека бројот на смртни случаи е 130 од кои 5 се регистрирани во последните 24 часа.
Во српските болници хоспитализирани се 3 660 пациенти од кои на респиратор се наоѓаат 101.