Од новите 386 случаи, 178 се во Скопје. Денеска во главниот град се регистрирани и 61 излекуван пациент, а со тоа моменталната бројка на активни случаи е 1 432.
Од нив, за 22 не се завршени епидемиолошките анкети и не се распределени по местото на живеење, додека останатите бројки покажуваат дека во три општини во моментов има над 200 активни случаи: Центар – 265, Аеродром – 257 и Карпош – 242.
Во три општини, пак, бројот на активни случаи е помеѓу 100 и 200. Станува збор за Кисела Вода каде што има 157 активни, Гази Баба – 147 и Ѓорче Петров – 118.
Под сто активни случаи има во: Чаир – 73, во Бутел – 56, во Илинден – 31 и Шуто Оризари – 13.
Во останатите општини во Скопскиот Регион бројот е едноцифрен: Петровец – 9, Зелениково 4, Арачиново – 4, Сопиште – 4, Чучер Сандево – 2 и Студеничани – 2.
Во Скопје има и 10 странци кои моментално се активни со ковид-19.