Во изминатите 24 часа, Шпанија регистрирала 410 починати од ковид-19, што е најниска бројка во изминатиот период од околу еден месец односно од 22 март, пренесува „Ројтерс“.
Со ова вкупниот број на жртви во Шпанија изнесува 20 453.
Денешните бројки значат и драстично намалување во споредба со вчерашниот ден кога шпанските власти пријавија 565 починати.
Црниот рекорд на дневно ниво во Шпанија беше забележан на 2 април и изнесуваше 950, па денешните бројки во споредба со тие значат и нешто повеќе од двојно намалување.
Кога станува збор за новозаразените, според статистичкиот веб-портал „Ворлдометар“, во изминатото деноноќие има 1 528. И во оваа категорија се бележи значително намалување ако се има предвид дека претходните денови оваа бројка се движеше и над 3 000 случаи.
Вкупниот број на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Шпанија изнесува 195 944, што е највисока бројка во Европа и втора во светот односно после САД каде досега се заразиле 738 923 лица.
*Поврзана вест: Шпанија ќе ги олесни мерките за децата, но рестрикциите за останатите ќе ги продолжи по трет пат