Од 65 лица починати во земјава од новиот коронавирус, 46 се од машки пол што е 70%, а 19 лица или 30% се од женски пол, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Притоа, најголем дел од починатите – 43 лица, се на возраст над 60 години. Од жртвите, кај 50 лица или 76,9% се регистрирани коморбидитети (други болести), велат информациите од ИЈЗ.
По подрачја што ги покриваат Центрите за јавно здравје, најголем број од починатите – 17 лица или 26%, се од територијата на Куманово и околните места. Следуваат подрачјата на Скопје и на Струга со 13 односно 12 починати. Во струшко, најмногу починати има во Лабуништа – 10.
Во државава се регистрирани жртви од ковид-19 на подрачјата што ги покриваат 13 Центри за јавно здравје.