Во изминатите 24 часа Кина пријави еден нов случај на заразен со вирусот ковид-19, и тоа лице кое доаѓа од странство, соопшти Националната здравствена комисија.
Во текот на вчерашниот ден не се регистрирани смртни случаи.
Кина вчера пријави и 15 нови асимптоматски случаи, што е за два повеќе од претходниот ден.
Бројот заразени во Кина, која е епицентар на оваа епидемија, достигна 82 881 и 4 633 смртни случаи. Но повеќе земји, од кои најгласни беа САД, ја доведуваат во прашање веродостојноста на овие бројки изразувајќи сомневање дека Кина можеби ги криела вистинските податоци.
Поради ова, и Светската здравствена организација беше изложена на силни критики бидејќи во ниеден момент не изразила сомнеж туку, напротив, дури и ги пофалила напорите на тамошните власти за начинот на кој се справија со заразата.