Бројот на активни случаи во моментов изнесува 935. Повеќе од половина од нив се во Скопје – 536, а шест града се без активни случаи
Во последните три дена (од 1 до 3 јули) направени се 1 695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 186, Охрид – 18, Битола – 14, Прилеп – 9, Куманово и Велес – по 8, Кавадарци – 7, Тетово, Струмица и Кочани – по 5, Штип и Струга – по 4, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 3, Неготино, Делчево и Дебар – по 2, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции.
Регистрирани се и 250 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Битола – 16, Тетово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 8, Куманово, Велес и Неготино – по 6, Штип, Кичево и Ресен – по 4, Струмица – 3, Охрид и Гостивар – по 2, Кочани, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице, исто така нема регистрирани смртни случаи ниту согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин.
Активни се 935: Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314 501, бројот на оздравени пациенти е 304 239, на починати е 9 327, а бројот на активни случаи изнесува 935.
Состојбата по градови е следна:
- Скопје 148 549, Активни 536
- Куманово 16 770, Активни 42
- Битола 15 835, Активни 59
- Прилеп 14 277, Активни 33
- Тетово 13 533, Активни 20
- Кавадарци 10 760, Активни 34
- Велес 9 848, Активни 30
- Гостивар 9 634, Активни 15
- Охрид 9 030, Активни 58
- Штип 8 119, Активни 18
- Струмица 8 110, Активни 15
- Кичево 5 673, Активни 11
- Кочани 5 125, Активни 17
- Струга 4 744, Активни 9
- Гевгелија 4 431, Активни 4
- Неготино 3 714, Активни 5
- Ресен 2760, Активни 1
- Свети Николе 2 641, Активни 1
- Радовиш 2 537, Активни 5
- Крива Паланка 2 421, Активни 2
- Делчево 1 991, Активни 5
- Берово 1 693, Активни 1
- Дебар 1 684, Активни 3
- Валандово 1 488, Активни 0
- Виница 1 398, Активни 2
- Пробиштип 1 271, Активни 3
- Богданци 1 025, Активни 2
- Кратово 969, Активни 0
- Крушево 933, Активни 2
- Демир Хисар 837, Активни 1
- Македонски Брод 744, Активни 1
- Демир Капија 594, Активни 0
- Македонска Каменица 525, Активни 0
- Пехчево 486, Активни 0
- Дојран 352, Активни 0