По три дена опаѓање, бројот на починати во Италија од ковид-19 повторно во последните два дена повторно се зголемува. Во последните 24 часа, италијанските здравствени власти регистрирани 534 жртви што е зголемување во однос на вчера кога има 454 смртни случаи.

Ден претходно (19 април), имаше 433 починати.
Растот на овие бројки од неделата до денеска, доаѓа по тридневен пад на кривата.
На 17 април, бројот на жртви изнесуваше 575, ден потоа падна на 482, по што следуваше намалувањето во неделата на 433 мртви.
Италија е најпогодената земја во Европа и прва на листата според бројот на жртви – вкупно 24 648.
Убедливо најцрниот ден, Италијанците го имаа на 27 марк кога во едно деноноќие починаа 919 лица.

Кога станува збор за бројот на заразени, пак, досега се дијагностицирани 183 957 пациенти од кои 2 729 во последните 24 часа.
И овде е забележан пораст од околу 500 случаи откако пет дена по ред бројот опаѓаше.
На 16 април имаше 3 786 новодијагностицирани, ден потоа беа регистрирани 3 493, а два пациенти помалку имаше на 18 април.
Падот продолжи, па на 19 април беа регистрирани 2 047 нови случаи, а вчера (20 април) 2 256.
