Седум штитеници од домот за стари лица во Радовиш се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова. Покрај нив, заразени се и тројца вработени во институцијата.
„Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести, домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи, заразата најверојатно е донесена однадвор“,
вели Димитрова.
Инаку, во Радовиш, заклучно со вчера, се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот, пренесува МИА.